Фудбалерите на Интер од Мајами утрово во Фоксборо ја совладаа екипата на Њу Ингланд Револушн со резултат 2:1 во натпревар од МЛС лигата.
Двата гола за Интер ги постигна аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој стана првиот играч во историјата на МЛС лигата што постигнал по два гола на четири последователни натпревари.
Аргентинецот ги постигна головите во 27. и 38. минута. Единствениот стрелец за Њу Ингланд беше Карлес Хил во 79. минута.
Меси се наоѓа на второто место на листата на стрелци во МЛС лигата со 14 гола, додека на првото место е фудбалерот на Нешвил, Сем Сариџ, со 16 гола.
Интер се наоѓа на третото место на табелата во Источната конференција на МЛС лигата со 35 бодови.
Фото: ЕПА