Top Sport

Меси (повторно) е „Златна копачка“

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, освои уште една „Златна копачка“, во МЛС лигата.

Ветеранот, втора сезона по ред, успеа да постигне најмногу голови и со тоа да добие уште една награда.

Претходната вечер, тој постигна хет-трик на натпреварот против Нешвил, кој Интер Мајами го доби на гостински терен со 5:2.

Меси постигна гол во 35-та минута по асистенција на Џорди Алба, во 63-та од пенал и во 81-та за убедливо прво место на врвот на листата на стрелци. Аргентинецот успеа да стигне до бројката од 29 гола, оставајќи го Денис Баунга зад себе со 24 гола.

Тој е првиот играч на Мајами кој ја освоил „Златната копачка“ и првиот Аргентинец кој ја „одбранил“ наградата откако Валентин Кастељанос го направи тоа со Њујорк Сити.

Меси е главен кандидат да стане првиот играч во историјата на лигата кој ја освоил наградата за најкорисен играч (MВП) двапати по ред.

Scroll to Top