Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси, веројатно наредната година ќе се врати во составот на националниот тим.
Пртседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина, Клаудио Тапија, најавил дека Меси веројатно ќе игра за репрезентацијата на Копа Америка, што ќе се игра во јуни наредната година.
Тој имал разговор со Меси за време на финалето во Копа Либертадорес што се играше во Мадрид, а темата била враќањето на Меси во репрезентацијата.
„Лео никогаш не заминал од репрезентацијата. Не се сомневам дека ќе се врати кога ќе го повикаме“, рекол Тапија.
Меси зеде одмор од репрезентацијата по лошиот настап на Аргентина на Светскоот првенство во Русија, Од јули тој нема одиграно ниту еден меч за Аргентина.
Инаку, Копа Америка ќе започне на 14.јуни во Бразил.