Top Sport

Меси повторно ќе игра за Аргентина

Лионел Меси ќе се врати во аргентинската репрезентација. Најдобриот Аргентински фудбалер за националниот тим последен пат настапи на СП во Русија, кога Аргентина беше елиминирана во осмина-финалето од Франција.

Најавите се дека Меси ќе игра за репрезентацијата на 22.март. На овој датум Аргентина, во Мадрид, ќе одигра пријателски меч против Венецуела, објавија аргентинските медиуми.

Меси има 128 настапи за Аргентина, на вечната листа пред него се Хавиер Маскерано (147) и Хавиер Занети (145). Тој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 65 гола.

Со Аргентина играл во четири финални натпревари (три на Копа Америка и еден на СП во Бразил) и ниту еднаш не успеал да победи

Scroll to Top