„Франс фудбал“, вечерва ќе ја додели Златната топка за 2021 година. Фаворити за оваа престижна награда се Робет Левандовски, Лионел Меси и Карим Бензема.
Меси последен ја доби оваа награда, во 2019 година. Минатата година, поради пандемијата на коронавирусот, „Франс фудбал“ не ја додели наградата.
Лани, најголем фаворит беше Левандовски. Полјакот и во 2021 година игра сјајно, немилосрдно ги тресе противничките мрежи. Прашање е дали „Франс фудбал“ ќе ја исправи неправдата.
Голем број на медиуми тврдат дека тоа нема да се случи. Лауреат, според нив, ќе биде Меси. Аргентинецот, минатот лето ја освои Копа Америка, што е негов прв трофеј со репрезентацијата на Аргентина.
Доколку овие најави се точни, тогаш Меси седми пат во кариерата ќе ја освои престижната награда.
Најмалку шанси му се даваат на Карим Бензема.
Свечената церемонија на доделувањето на Златната топка, ќе започне во 20.30 часот.