Top Sport

Меси продолжи да го „мрази“ турскиот судија Чакир

Лионел Меси постигна еден гол и на него беше направен фаул за пенал при 3:1 победата над Наполо во Лигата на шампионите, но по крајот на мечот тој  одби да се ракува со турскиот судија Чунејт Чакир поради контроверзниот поништен гол о текот на мечот.

Меси по првиот фантастичен гол, постигна уште еден, но Чакир оцени дека Аргентинецот играше со рака кога доби топка од Френки де Јонг и беше лут откако по долгото прегледување на ВАР снимките голот беше поништен. По крајот на мечот, тој одби да се поздрави со Турчинот.

Дел од фановите на Меси сметаат дека судијата има „агенда“ против Аргентинецот, потсетувајќи на мечот од Светското првенство во Русија во 2018 против Нигерија, кога судијата досуди пенал од Хавиер Маскерано за 1:1, а „гаучосите“ во финишот на мечот успеаја да стигнат до победа со голот на Маркос Рохо за да избегнат елиминација во натпреварите по групи.

Scroll to Top