Top Sport

Солскјер најави нов договор за Пол Погба: Ќе го гледаме најдоброто од него

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер најави дека Пол Погба ќе добие нов договор од „ѓаволите“ по сите шпекулации за трансфер во Реал Мадрид.

Французинот имаше лоша сезона 2019/20, одбележана со проблеми со повредите, но по рестартот на Премиер лигата по корона вирусот, убаво се вклопи во игра со новото засилување Бруно Фернандеш. Иако неговиот договор завршува за помалку од една година, а Јунајтед има опција за продолжување на уште една година, Солскјер најави дека смета долгорочно на Погба.

„Тоа што Пол го зборуваше во минатото, останува во минатото. Откако се врати од повредата, тој беше прекрасен. Работеше напорно, среќен е и игра добро. Ќе го видиме најдоброто од Пол во следните неколку сезони, сериозно верувам во тоа. Едвај чекам да го видам неговиот раст со нашиот тим. Тој ќе биде еден од лидерите на тимот, бидејќи на 27 години е во врвот на своите способности“, вели Солскјер.

Погба, кој заработува околу 300.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, имаше само 20 настапи оваа сезона за Јунајтед и само еден гол. Тој играше против ЛАСК Линц во средата и ќе биде во првиот тим за турнирот во Лига Европа во Келн, каде што Јунајтед прво играат со Копенхаген.

Scroll to Top