Излегувањето на Велика Британија од Европската унија потенцијално би можело да им предизвика големи проблеми на познати фудбалски имиња, односно на сите оние што во Шпанија се осудени поради даночно затајување.
Изминатите години Шпанците на условни казни и парично казнија голем број на фудбалски ѕвезди меѓу кои се Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Марсело, Лука Модриќ, Радамел Фалкао, Диего Коста, Алексис Санчез…
Доколку се случи Брегзитот според новиот закон сите кои се осудени за даночни затајување (не се однесува само на фудбалерите) нема да можат да стапнат на Британска почва. Ова значи дека фудбалските ѕвезди нема да можат да добијат виза за влез во Велика Британија.
„Доколку сте граѓанин на Европската унија и доколку сте осудувани, нема да ви биде овозможен влезот во Велика Британија. Тоа важи за сите видови на пресуди“, реколо адвокатот Ендрју Осборн.
Меси во 2017 година доби условна казна затвор од 21 месец, Роналдо оваа година е осуден на 23 месечна условна казна, а минатата недела шест месечна казна доби Диего Коста.
Доколку Британците строго ги почитуваат законите тогаш на фудбалските ѕвезди навистина ќе им биде забранет влез на Островот што ќе значи голем хендикеп за нивните клубови.