Лионел Меси во интервју за аргентинската телевизија „TyS Sports“ говорел за менталитетот на Аргентинците, клубот за кој навива, дербито чии актер сака да биде, голот што најмногу му значи.
Интервјуто за почнува со прашањето кој е најдобриот напаѓач во историјата на фудбалот?
„Роналдо. Роналдо е феномен. Од сите напаѓачи што сум ги гледал тој е најдобриот. Тој е неверојатен“, рекол Меси мислејќи на Бразилецот Роналдо со прекар „Ил Феномено“.
❌ Cristiano Ronaldo
❌ Pele
❌ Maradona
❌ Eusebio
❌ Van Basten
❌ Batistuta? Lionel Messi reveals the best striker he's ever seen. pic.twitter.com/KJMYEyhvkL
— SPORF (@Sporf) October 27, 2019
Меси направил споредба на шпанското „Ел Класико“ и дерби мечевите што се играат во неговата Аргентина.
„Ривер-Бока или дербито на Росарио. Тие се како Реал и Барселона, но се тотално луди бидејќи Аргентина е целосно луда. Ако не победиш во дербито значи дека ќе имаш тежок живот. Во Шпанија ќе загубиш и никому ништо. Во Аргентина не можеш од дома да излезеш. Тоа е лудо, но така е. Луѓето во Аргентина го обожуваат фудбалот. Во суштина секојдневното лудило се пренесеува и на фудбалот. Лично, многу би сакал да го играм дербито на Росерио, Њуел Олд Бојс-Росарио Рентрал. Тоа е лудница“, рекол Меси откривајќи дека во Аргентина навива само за еден клуб, Њуел Олд Бојс.
Неколку месеци наназад се шпекулира дека е можно на залезот на кариерата Меси да ја напушти Барселона.
„Воопшто не сакам да заминам. Не гледам како би го направил тоа. Сонував дека еден ден ќе играм во Аргентина, во Њуел Олд Бојс. Не сум сигурен дека тоа некогаш ќе се случи. Моето семејство е пред моите желби“, заклучи најдобриот играч на Барселона.