Лионел Меси признава дека бил „изненаден“ од трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, но сега смета дека токму „старата дама“ е јасен фаворит за титула во Лига на шампионите, нешто толку посакувано во Торино.
Трансферот од 100 милиони евра досега не донесе голови во првите три меча во Серија А, но јасно е дека главната цел на Јуве е трофејот од Лигата на шампионите, и според вечниот ривал на Роналдо, Меси, тие сега се првите фаворити токму поради ЦР7.
„Реал Мадрид се помалку силни без Кристијано Роналдо, бидејќи очигледно, тој е еден од најдобрите на светот. Јувентус се јасни фаворити за трофејот од Лигата на шампионите сега со Роналдо. Бев изненаден од неговата одлука, бидејќи не очекував дека ќе замине од Мадрид. Јувентус сега се многу силен тим“, вели Меси во интервју за радио „Каталуња“.
Минатата сезона, Барселона загуби од Рома во четврт-финалето, и Меси признава дека оваа година треба да биде поинаку.
„Испаѓаме во четврт-финалето последните три години, а последното испаѓање беше едно од најболните. Сега, мораме да одиме на трофеј. И претходно губевме поради нијанси, во ерата со Пеп Гвардиола против Интер и Челси. Има многу силни клубови со многу пари и силни играчи, како двата тима од Манчестер, Челси, Реал Мадрид, ПСЖ, италијанските клубови…“, објаснува Меси.
Фото: ЕПА