Лионел Меси останува на своето и планира да си замине од Барселона, но Аргентинецот не сака да заврши на суд со својот поранешен клуб, туку сака средба со бордот на клубот и да си замине на пријателски начин, објавува порталот „Гол“.
Меси во вторникот предизвика фудбалски „земјотрес“, откако по 16 години побара трансфер од Барселона, клубот каде што стана вистинска легенда. Ова беше само последна капка во низата конфликти на Меси со клубот, и тој е бесен на одлуките на претседателот Жосеп Марија Бартомеу, како продажбата на Нејмар и неуспехот тој да се врати минатото лето, како и отпуштањето на тренерот Ернесто Валверде оваа година.
Поразот од 8:2 од Баерн Минхен во четврт-финалето на ЛШ беше доволен да го убеди Меси да побара нов клуб праќајќи им факс на Барселона во вторникот барајќи раскин на договорот со активирање на клаузула во него. Иако Барселона го одби ова веднаш, според „Гол“, Меси сака да има состанок со управата на тимот и да преговара за заминувањето, наместо да го направи тоа на своја рака.
Меси не сака да влезе во „развлечена“ јавна војна со клубот, иако и неговата одлука предизвика контроверзи и навивачите протестираа пред „Ноу Камп“, додека членовите на тимот побараа оставка од Бартомеу. Аргентинецот сака разделбата да биде „цивилизирана“ и покрај тензиите. Тој сака да ја каже и својата верзија на настаните во клубот, и во исто време да прати порака до разочараните фанови на Блауграна.
Lionel Messi remains determined to leave Barcelona, but wants to meet with the board and leave the club on good terms, Goal can confirm ? pic.twitter.com/6wm7NtXzZ9
— Goal (@goal) August 28, 2020