Усман Дембеле си ја расипа добрата партија и голот што го постигна против Севилја со црвениот картон што го заработи во финишот на натпреварот.
Францускиот репрезентативец на главниот судија Лахоз, во моментот кога му покажуваше црвен картон на Араухо му рекол дека е „многу си лош, многу лош“. Поради овој коментар Лахоз и нему му покажа директен црвен картон.
Одлуката Лахоз не ја смени иако се обиделе со својот авторитет да делуваат Лионел Меси и Џерард Пике. Се обиделе да му појаснат дека коментарот на Дембеле не би упатен директно кон него, односно дека тој кога рекол „лошо“ мислел општо за ситуацијата на теренот.
Меси дури и се обидел да му објасни на судијата Лахоз дека Дембеле воопшто не знае шпански.
Два меча суспензија најмалку ќе добие Дембеле што значи дека нема да го игра дербито со Реал на 26 октомври.