Top Sport

Меси се повреди на првиот тренинг, не патува во САД

Барселона го пречека Лионел Меси назад на тренинзите во понеделникот по настапите на Копа Америка, но работите не тргнаа најдобро – тој го повреди мускулот на десната нога, по што беше одлучено да не патува со остатокот на тимот на мини-турнејата низ САД.

„Меси се повлече од тренингот поради неудобно чувство во десната нога. Тестовите покажаа дека се работи за истегнат мускул и тој ќе остане во Барселона и нема да патува на турнејата во САД. Ќе се направи проценка кога ќе се врати во тимот“, се вели во соопштението на Барселона.

Scroll to Top