Top Sport

Меси се „разбуди“ – асистенција, гол и пречка во првото полувреме против Лил

Лионел Меси беше критикуван дека не го „донел“ најдоброто од него со ПСЖ во француската Лига 1, нешто што Аргентинецот вечерва го демантираше во 45 минути од дербито против актуелниот шампион Лил, постигнувајќи гол и додавајќи една асистенција за 1:3 водство.

Тој прво му асистираше на Кимпембе во 32. минута за 1:2 водство, за шест минути подоцна по одличната акција на Килијан Мбапе да добие совршена топка за да заврши мајсторски за 1:3. Во финишот на полувремето пак, тој имаше совршена шанса од слободен удар, но тој заврши во пречката.

Scroll to Top