Top Sport

Меси и ПСЖ го „демонтираа“ шампионот Лил

Лионел Меси имаше гол и асистенција во првото полувреме, за Пари Сен-Жермен да стигне до импресивна 5:1 победа на гости кај актуелниот шампион Лил за да се вратат на огромни 13 поени пред Марсеј на врвот на француската Лига 1.

Данило уште во 10. минута ги донесе гостите во водство со убав гол, но Ботман израмни за Лил во 28. минута од мечот, пред на сцена да стапи Меси. Тој прво во 32. минута го најде Преснел Кимпембе за враќање на водството, за шест минути подоцна да се запише самиот во листата на стрелците по убавата топка која ја доби од Мбапе. Меси имаше и прекрасен обид од слободен удар во финишот на полувремето, но ја погоди само пречката. Данило со својот втор гол во 57. минута ја осигура победата, пред и Мбапе да се запише во листата на стрелците во 67. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top