Top Sport

Меси се враќа во тимот на Барселона

Лионел Меси се наоѓа на списокот на фудбалери, на кои тренерот на Барелона Ернесто Валверде, смета за утрешниот натпревар против Интер,во Милано, во Лигата на шампионите.

Меси пред две недели се здоби со фрактура на подлактицата. Поради повредата Аргентинецот пропушти четири натпревари, меѓутоа тоа не се почувствува во резултатите. Барселона победи на сите четири натпревари без Меси во тимот.

Најдобриот играч на Барселона се уште не добил „зелено светло“ од лекарскиот тим, но се очекува дека тие ќе му дозволат да патува со тимот во Милано.

Најверојатно Меси нема да го одигра целиот натпревар на „Џузепе Меаца“, туку евентуално би влегов во игра како замена, доколку Валверде има потреба од тоа.

Дербито во Милано, помеѓу Интер и Барселона ќе се одигра во вторник од 21 часот.

Scroll to Top