Top Sport

Се уште нема 15 години, а постигна гол во дербито на Парагвај (Видео)

Фернандо Овелар, има 14 години, девет месеци и 27 дена и успеа да постигне гол во најголемото дерби во Парагвај.

Ова момче за два месеци ќе наполни 15 години, а веројатно не можел ниту да сонува дека првиот гол во професионалната кариера ќе го постигне во парагвајското Суперкласико.

Тој постигна гол за Серо Портена во ре,миот против Олимпија 2:2. Тинејџерот влета во празниот простор пред голот на Олимпија и како искусен играч мајсторски го префрли противничкиот голман.

Инаку, ова 14-годишно момче професионалното деби за Серо Портена го имал минатиот викенд.

Сепка, Овелар не е најмладиот играч на еден професионален натпревар. Рекордер е Боливецот Маурисио Балдивиесто кој дебитирал на 12-годишна возраст.

Scroll to Top