Top Sport

Меси се врати во Барселона за да го потпише новиот договор

Лионел Меси го заврши продолжениот одмор, на кој замина откако со Аргентина ја освои титулата на Копа Америка. Меси се врати во Барселона и се очекува во наредните денови да го потпише новиот договор.

Меси е слободен играч откако договорот со Барселона му истече на 30.јуни.

Клубот, кој има огромни финансиски проблеми, договорил платата на најдобриот играч да биде намалена за 50 отсто. Со претходниот договор, Меси, неделно заработуваше 585.000 евра. Според медиумите, Меси, ќе потпише петгодишен договор.

Барселона, во летниот преоден рок се засили со слободните фудбалери Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Мемфис Депај, додека за Емерсон на Бетис му платија девет милиони евра.

Scroll to Top