Фудбалерот на Интер Мајами, осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси се опорави од повредата на зглобот по двомесечно отсуство. Аргентинскиот фудбалер се повреди во финалето на Копа Америка на 14 јули, во кое неговата земја ја победи Колумбија со 1-0.
Тренерот на американскиот клуб Херардо Мартино рече: „Меси е подготвен“. Меси последниот натпревар за Интер го одигра на 1.јуни.
Интер во недела и гостува на Филаделфија, а Мартино не кажа дали Меси ќе го започне натпреварот, ќе влезе како замена или ќе има намалена минутажа.
Интер е на првото место во Источната конференција на МЛС лигата со 59 освоени бодови, додека Меси на 12 одиграни натпревари оваа сезона забележа 12 гола и 14 асистенции.
За Интер Мајами настапуваат и поранешните соиграчи на Меси во Барселона, Серхио Бускетс, Луис Суарез и Џорди Алба.