Top Sport

Меси се вратил во Барселона да го прослави роденденот на Чави

Лионел Меси во понеделникот се врати во Барселона за да го прослави 42. роденден на неговиот поранешен соиграч, а сега тренер на Барса, Чави, заедно со Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, беше поштеден од репрезентативните обврски за мечевите на Аргентина со Чиле и Колумбија откако неодамна се опорави од КОВИД, така што имаше слободно време да се врати во градот каде што стана фудбалски великан.

Друштвото се собра во јапонски ресторан во градот, а откако по социјалните мрежи се појавија вестите дека тоја е во Барселона, на заминување, тој беше пречекан од група фанови на Барселона и дури застана да им ги потпише дресовите.

Scroll to Top