Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси сподели емотивна објава во чест на својот пријател – Серхио Агуеро.
Тој денеска се прости од активното играње фудбал поради здравствени проблеми. Меси и Агуеро играа заедно за селекцијата на Аргентина.
„Практично цела кариера заедно, Кун. Живеевме убави моменти и некои кои не беа тоа. Сите не тераа сите да се обединиме и повеќе да се дружиме. Ние ќе продолжиме да живееме заедно и надвор од теренот. Со голема радост го подигнавме пехарот на Копа Америка неодамна, со сите постигнувања кои ги имаше во Англија… А вистината е дека сега многу боли да се види дека мораш да престанеш да го работиш она што најмногу ти се допаѓа. Сигурно дека и понатаму ќе си среќен затоа што си личност која пренесува среќа. Сега започнува нова фаза од твојот живот и уверен сум дека ќе живееш со насмевка. Се најубаво во новата фаза. Многу те сакам пријателе, ќе ми недостасуваш многу да бидем на терен со тебе“ напиша Меси.