Аргентина ја победи Боливија со 3:0, во деветтото коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Головите за Аргентина ги постигна Лионел Меси. Најдобриот аргентински фудбалер, успеа да го урне рекордот на Пеле, тој сега е најдобриот стрелец во историјата јужноамериканските репрезентации. Во деветтото коло победи забележаа сите домаќини.
Аргенина успеа да ја оправда фаворитската улога против Боливија, го задржа второто место на табелата и направи голем чекор кон пласманот на СП.
Меси постигна еден гол во првото и два во второто полувреме.
Играчот на ПСЖ стигна до бројката од 79 голови во 153.настап за репрезентацијата. Тој на вечната листа го престигна Пеле, кој во кариерата за Бразил постигнал 77 голови.
Бразил, во еден шарен состав, лесно го скрши отпорот на Перу. Победата, Бразилците ја обезбедија во првото полувреме со головите на Рибеиро и Нејмар.
Значајна победа, на истекот на наптреварот, забележаа фудбалерите на Уругвај против Еквадор. Единственот гол го постигна Переиро во 92.минута.
Парагвај славеше против Венецуела со 2:1, додека Чиле по поразот во Колумбија речиси и да нема шанси да се пласира на СП. Колумбијците славеа со 3:1. Два гола постигна Борха за нецели две минути, Менесес намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Дијаз.
На табелата води Бразил со 24 поени, Аргентина има 18, Уругвај е на третото место со 15, потоа следуваат Еквадор и Колумбија со 13, Парагвај со 11, Перус со 8, Чиле со 7, Боливија со 6 и Венецуела со 4 бода.