Лионел Меси можеби поголемиот дел од летото го помина карајќи се со управата на Барселона, но кога се работи за активностите на теренот, тој е целосно посветен на каталонскиот гигант, откако имаше фантастична аситенција за 1:0 победа над Елче на традиционалниот меч за отварање на новата сезона, трофејот „Жоан Гампер“.
Голот го постигна Антоан Гризман, а аситенцијата ја запиша Жорди Алба, но сепак, клучен човек во играта беше токму Меси, кој во стил на плејмејкер даде една навистина спектакуларна долга топка во шестнаесетникот.
33-годишниот Меси претходно имаше одлична асистенција до Филипе Кутињо и два фантастични гола за 3:1 победата над Џирона во средата во подготвителен меч. Каталонците ја почнуваат сезоната следната недела против Вилјареал.
The Ice Breaker! ?? @AntoGriezmann pic.twitter.com/Ty6D0GrRiV
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 19, 2020