Барселона ја декласира Џирона 6:1 во малото каталонско дерби кое се одигра во рамките на 25.коло во Ла Лига. Луис Суарез постигна хет трик, а Меси стана фудбалерот кој постигнал најмалку еден гол против сите тимови од кремот на шпанскиот фудбал.
Џирона од стартот излезе со отворен гард против големиот фаворит и таквата определба ја плати со шест парчиња во во својата мрежа, иако дебитантот во Ла Лига стигна до водство со голот на Порту во третата минута.
Водството на Џирона траеше само две минути кога Луис Суарез израмни на 1:1. Целосен пресврт Барса направи по половина час игра кога Меси го постигна својот прв гол. Аргентинецот во 36.минута од слободен удар зголеми на 3:1.
До крајот на полувремтото Суарез рутински ја реализираше асистенцијата на Кутињо. Кошамрот на Џирона продолжи и во вториот дел, Кутињо во 66.минута го постигна својот прв гол во Ла Лига за 5:1, а точка на мечот стави Суарез во 76.минута.