Top Sport

Меси-Суарез за предност на Каталонците (видео)

Барселона ќе брани минимална предност од 1:0 на реваншот во Валенсија во полуфиналето на Кралскиот куп, откако Луис Суарез им донесе победа на полу-празниот „Ноу Камп“.

Каталонските гиганти се носители на титулата од купот од последните три сезони и ќе се обидат да стигнат до четврта едноподруго титула, но против Валенсија, третопласираниот тим во Ла лига воопшто не беше лесно.

Отпорот на „Лос че“ беше „скршен“ во 67. минута, кога по одличен пробив на Лео Меси тој го најде Суарез, кој со глава го матираше голманот на Валенсија, Хауме Доменеш.

Реваншот на „Месталја“ се игра на 8 февруари.

Scroll to Top