Top Sport

ПСВ го чекаа со камери, тој потпиша за Спортинг!

Еден од најчудните трансфери во зимскиот преоден рок несомнено беше тој на Лумор Агбењену, дефанзивецот на Поримоненсе, кого ПСВ Ајндховен го чекаа на аеродромот додека тој беше презентиран во Спортинг.

21-годишниот дефанзивец Агбењену имаше устен договор со холандскиот тим, и тој требаше да пристигне на медицински тестови, а од холандскиот тим дури пратија тим на камермани да го пречека фудбалеро од Гана на аеродромот, но тој воопшто не пристигна.

Наместо да дојде во Холандија, Агбењену потпиша четири и пол годишен договор со Спортинг Лисабон, кои бараа итна замена за Џонатан Силва кој замина во Рома. Договорот е вреден 2.5 милиони евра.

Тренерот на ПСВ, Филип Коку признава дека мислеле дека имаат нов играч.

„Бараме дефанзивец подолго време и беше навистина фрустрирачки што работите завршија така како што завршија. Требаше подобро да си ја завршиме работата“, вели Коку, кој може да се утеши со тоа што ПСВ е прв во Ередивисие со седум поени пред Ајакс.

Scroll to Top