Лионел Меси ја напушта Барселона. Оваа вест доминира во спортските медиуми, во изминатите два дена. Аргентинецот веќе го преселија во ПСЖ. Во морето информации околу можниот трансфер во Париз, дојде и една која вели дека Меси, утре ќе одржи прес конференција на „Ноу Камп“.
Веста ја објави познатиот новинар Фабрицио Романо, кој претпладнево објави дека Лионел Меси се уште не добил официјална понуда од ПСЖ.
Не е јасно дали тоа ќе биде проштална прес конференција на Меси, или се работи за нешто друго.
Многумина веруваат дека Меси сепак ќе остане во Барселона. Дека информацијата за неговото заминување е само притисок врз челниците на Ла Лига, чии правила се пречка клубот да потпише договор со Аргентинецот.