Top Sport

Меси влезе во „Клубот 1.000“ по број на голови и асистенции!

Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси во својата кариера постигнал или асистирал при постигнување на вкупно 1.000 голови.

Меси денеска при триумфот на Барселона кај Алавес во последното коло од Ла Лига (0-5) на доминантен начин ја затвори сезоната 2019/2020 во Шпанија.

Тој на мечот го сруши рекордот по број на асистенции во една сезона затоа што при првиот гол на Ансу Фати ја имаше 21-вата сезонска асистенција.

Во победата учествуваше уште со два гола, а со тој вториот влезе во „Клубот 1.000“ по број на дадени голови и асистенции.

Меси во кариерата за Барса и за селекцијата на Аргентина постигна 703 гола и има 297 асистенции.

Scroll to Top