Лионел Меси во интервју за „Мундо Депортиво“ не крие дека сака Нејмар да се врати во Барселона и дека желба му е на „Ноу камп“ да пристигне Лаутаро Мартинез.
„Нејмар сака повторно да игра со нас. Тој е еден од најдобрите во светот. Секогаш беше насмејан во соблекувалната, со него атмосферата беше сјајна“, рекол Меси кој не крие дека, како и на голем број од навивачите, не му се допднал начинот на кој што Нејамр ја напушти Барселона.
„Неромално е дека луѓето сега поинаку го гледаат поради тоа. Не мораше да замине на таков начин. Тое не ми се допадна, се обидов да убедам да не го прави тоа. Меѓутоа на крајот сите ние посакуваме да победуваме. Важно е што тој се радува на враќањето, жали што замина“.
Капитенот на Барселона не крие дека би сакал во клубот да игра со соиграчот од репрезентацијата Лаутаро Мартинез.
„Спектакуларен е, импресивен. Многу е силен, одличен во ситуации еден на еден, постигнува голови, секогаш бара топка, се бори за позиција…Многу, многу квалитетен фудбалер. Би сакал двајцата да дојдат и да се бориме за титулата во Лигата на шампионите“, рекол Меси и дополнил дека Лаутаро многу го потсеќа на Луис Суарез неговиот најдобра пријател во Барселона.
„Луис има многу искуство, сигурно би му помогнал на Мартинез да се прилагоди на играта и на тимот“.