Top Sport

„Меси заслужува да замине од Барса кога и да посака“

Играчот на Барселона Џерар Пике се сомнева дека Лионел Меси ќе го напушти клубот, иако според него има полно право на тоа и тоа по завршувањето на секоја сезона.

Вчера медиумите открија дека Аргентинецот имал право да го раскине договорот со Барселона кога и да сака по завршувањето на секоја сезона.

„Инаку, Меси има договор со Барселона до јуни 2021 година, а во тој договор постои клаузула која вели дека во моментот кога тој ќе наполи 32 години може без обесштетување да го напушти клубот. Според оваа клаузула Меси може да го раскине договорот со Барселона секој 30 јуни.

„Знаев дека може да замине без обесштетување по завршувањето на секоја сезона“, рекол Пике.

„Меѓутоа сите знаеме колку тој е посветен на овој клуб и никој не е загрижен. Заслужил да има браво да избира што ќе работи во иднина со оглед на тоа колку и има дадено на Барселона“.

„Ел Паис“ дознава дека ова клаузула во договорот на Лионел Меси важи само за клубовите надвор од Европа.

Досега Меси потпишал осум договори со Барселона, последниот го потпишал во 2017 година.

Scroll to Top