Лионел Меси признава дека жали за неговото однесување по победата на Аргентина над Холандија во четврт-финалето на Светското првенство во Катар.
Меси прво го прослави својот гол од пенал во 73. минута со истрчување пред холандскиот селектор Луис ван Гал со покриени уши, а потоа по драматичната победа, имаше погрдни зборови за Вут Вегхорст, нарекувајќи го „будала“. Исто така по крајот, Меси беше забележан како се расправа со Ван Гал и со неговиот помошник, Едгар Давидс.
„Знам дека Ван Гал кажуваже некои работи пред мечот, но таа прослава се случи во жарот на моментот. Не ми се допаѓа тоа што го направив и не ми се допаѓа тоа што се случуваше потоа. Тоа се моменти на нервоза и работите се случуваат бргу“, признава Меси.