Top Sport

Валенсија се „раздели“ со Џенаро Гатузо

Џенаро Гатузо веќе не е тренер на Валенсија, потврдија од шпанскиот клуб, по долгиот состанок на италијанскиот тренер со претседателот на клубот, Лахјун Чен, во кој уште еднаш Гатузо се пожалил на слабата поддршка со засилувања, поради што „лилјаците“ повторно се и во резултатска криза.

45-годишниот Гатузо беше именуван како тренер на Валенсија минатото лето, но не успеа да го крене нивото на клубот, оставајќи го на 14. место на табелата со само пет победи во првите 18 кола.

„Клубот сака да му се заблагодари на тренерот за посветеноста и напорната работа и му посакува среќа во иднина“, се вели во објавата на клубот.

Воро Гонзалез, по неверојатен осми пат ќе стане преоден тренер на клубот. Во следното коло, Валенсија гостува кај Реал Мадрид веќе во четврток.

Scroll to Top