Бекот на Астон вил, Мети Кеш имаше можност да се сретне со Килијан Мбапе во осминафиналето на Светското првенство и полскиот репрезентативец признава дека е импресиониран и дека не видел „нешто побрзо од Мбапе“.
Франција стигна до 3:1 победа во меч во кој 23-годишниот Мбапе постигна два гола, и Кеш признава дека се работело за пеколнотешка задача.
„Попладнето го поминав гледајќи негови видеа и знаев дека ќе имам тежок тест, но кога тој ќе ја добие топката, ќе застане и ќе тргне, тоа е нешто најбрзо што сум го видел. Кога ги гледаш видеата лежејќи тоа е во ред, но во вистински живот, тој ми ги ‘гори’ нозете’, тука е разликата. Имав неколку трки со него и беше океј. Ако погледнеш зад себе, тој е секогаш тука. Можеби најтешкиот противник кој сум го имал. Во моментов, можеби меѓу најдобрите двајца-тројца на светот“, вели Кеш.