Фудбалерите на Интер се вратија на второто место на табелата во Серија А, откако вечерва со 3:1 го победија Удинезе. Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски поради повреда го немаше во тимот од Удине.
Интер отпорот на Удинезе успеа да го скрши во последните 15 минути од натпреварот со головите на Мхитаријан во 73. и Лаутаро Мартинез во 89.минута.
Претходно првиот дел заврши со резултат 1:1. Лукаку од пенал погоди за Интер, а израмни Ловриќ.
Интер на вторто место сега има 47 бода, три повеќе од Милан. На врвот недоприлив е Наполи со 62 бода.