Top Sport

Мхитаријан неизвесен за финалето против Манчестер Сити

Интер на 10 јуни, против Манчестер Сити ќе се бори за европската титула. Последен пат Интер ја освои Лигата на шампионите пред десет години.

Интер, во полуфиналето, со вкупен резултат 3:0 го победи градскиот ривал Милан. Реваншот, Интер го доби со 1:0, со голот на Лаутаро Мартинез.

Како сега стојат работите, финалето во Истанбул ќе го пропушти Хенрик Мхитаријан. Ерменецот, во вторникот одигра 30 минути, го напушти теренот поради повреда. Мхитаријан има повреда на стомачниот мускул.

Клубот објави дека Ерменецот нема да игра на следните првенствени натпревари каде Интер се бори за една од првите четири позиции кои водат во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така тој ќе го пропушти финалето Купот на Италија против Фиорентина.

Клубот првенствено сака да му даде време на Мхитарјан да се обиде да се рехабилитира од повредата и да биде подготвен за финалето против Манчестер Сити.

Scroll to Top