Пред денешниот клучен дуел од Лигата на нации на УЕФА против Македонија, ерменскиот капитен, Хенрик Мхитарјан очекува неговата репрезентација да извлече позитивен резултат за првото место во групата 4.
Ерменија се намачи на првиот меч од натпреварувањето, победувајќи го Лихтенштајн со 2:1 во Еревен благодарејќи на голот на вардарецот Тигран Барсегјан, додека ѕвездата на Арсенал, Мхитарјан утна пенал.
Сега, капитенот на репрезентацијата очекува подобра игра во Скопје, но предупредува дека нема да биде лесно против Македонија.
“Почестен сум што сум овде. Пандев е одличен играч, имам голема почит и кон него и кон целата екипа. Нема да ве потцениме“, изјави за „Топспорт“, Мхитарјан.