Асот на Арсенал, Хенрик Мхитарјан ја скрши метатарсалната коска во десното стапало и се очекува да биде надвор од строј барем шест недели во уште еден удар за тренерот на „топчиите“ Унаи Емери.
Ерменскиот плејмејкер ја доби повредата при старт на Лукас Моура во дуелот од Карабао купот во средата и сега го очекува пауза барем до февруари. Мхитарјан немаше стартно место под Емери оваа сезона и иако имаше 14 настапи во Премиер лигата, комплетираше 90 минути во само шест од нив.
Емери има уште еден проблем во дефанзивата откако Начо Монреал не е сигурен за мечот со Брајтон поради повреда на бутниот мускул.
Фото: ЕПА