Top Sport

Мхитарјан: Ибра сега знае дека има уште еден Бог

Хенрик Мхитарјан, играчот на Манчестер јунајтед кој во последно време се најде во „немилост“ на Жозе Мурињо и тешко наоѓа место во првиот тим, во интервју за ерменското радио се „отвори“ за тоа како е да се игра со Златан Ибрахимовиќ.

Ерменецот последен пат играше за Јунајтед на 25 ноември, кога влезе од клупата при 1:0 победата над Брајтон на „Олд Трафорд“, а последен старт му е на 5 ноември, при поразот од 1:0 од Челси.

Токму враќањето на Ибрахимовиќ значи дека Мхитарјан тешко дека ќе најде место назад во тимот на Јунајтед, но Ерменецот немаше лоши зборови за контроверзниот Швеѓанец.

„Златан е темпераментен и многу луѓе не го сакаат. Не сфаќаат или не сакаат да ги сфатат неговите шеги или темите за кои зборува. Но, тој беше прифатен добро од првиот момент, и бевме во контакт дури кога беше повреден. Сите знаат дека Ибрахимовиќ вели дека е Бог, но кога стигнавме во Ростов лани за дуел од Лигата на Европа му кажав дека ќе види кој е вистинскиот Бог. Имаше толку многу Ерменци на мечот и тој сфати дека има уште еден Бог – јас!“, изјави Мхитарјан.

Кутриот Хенрик Мхитарјан

 

Scroll to Top