Top Sport

Фјури во понеделник ќе знае дали ќе ја продолжи кариерата

Допинг-сослушувањето на поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури пред Британскиот боксерски борд на контрола (БББЦ) стартува во понеделник, по што ќе се знае дали тој ќе ја врати својата боксерска лиценца.

29-годишниот Фјури нема боксувано откако го шокираше Владимир Кличко за да ја освои титулата во тешка категорија во ноември 2015 година, но потоа имаше доста лични проблеми со депресијата и со користењето кокаин, пред во јуни 2016 година ББЦ да му ја одземе лиценцата.

Сослушувањето може да трае до пет дена, и ако биде обвинет за користење не недозволени супстанции, Фјури може да добие и суспензија до четири години. Причината поради која сослушувањето толку се оддолжи беше во одбивањето на легалниот тим на боксерот околу датумот на започнување.

Scroll to Top