Top Sport

Мхитарјан: Ова беше најдобриот меч на Интер, не знам зошто не играме вака во Серија А

Хенрик Мхитарјан смета дека 0:2 победата над Бенфика дефитинивно бил еден од најдобрите мечеви на Интер оваа сезона, но ги предупреди соиграчите и навивачите дека ова е само „прв чекор“ пред реваншот.

Бенфика досега немаше пораз оваа сезона во ЛШ, освојувајќи ја својата група пред Пари Сен-Жермен и Јувентус и доминирајќи над Клуб Бриж во осминафиналето, но Интер успеа да однесе голем триумф.

„Ова е меѓу нашите најдобри мечеви оваа сезона и целосно ја заслуживме победата. Но, ова е само прв чекор и треба да играме следната недела, така што нема опуштање до полуфиналето. Прво ќе мислиме на Монца овој викенд, а потоа повторно на Бенфика, бидејќи се многу добар тим. Не знам зошто не можеме да играме на ваков начин во Серија А“, вели Мхитарјан.

Scroll to Top