Top Sport

Тренерот на Феенорд: Мурињо секогаш игра исто, повеќе сакам да ги гледам Наполи и Сити

Судбината сакаше Феенорд пак да налета на Рома во Лига Европа, откако лани загубија од „волчицата“ во финалето на Конференциската лига, и тренерот на холандскиот тим, Арне Слот повтори дека не е голем фан на фудбалот кој го игра тимот на Жозе Мурињо.

Зборувајќи за споредба на тимот кој пред една година го доби финалето и сегашната верзија на Рома, Слот не гледа многу голема разлика.

„Рома уште го имаат истиот тренер, а Жозе Мурињо уште игра со истиот стил. Единствената промена е тоа што добија тројца добри играчи во Пауло Дибала, Немања Матиќ и Џини Вајналдум. Тој стил на фудбал дава резултати, но повеќе сакам да ги гледам Наполи или Манчестер сити“, вели Слот.

Scroll to Top