Top Sport

Мхтаријан ќе го продолжи договорот

Хенрик Мхтаријан наскоро ќе го продолжи договорот со Интер. Ерменецот ќе го стави потписот на договорот до јуни 2025 година.

Пред неколку недели Мхтаријан со клубот ги договорил сите детали околу новиот договор.

Актуелнот договор на ерменскиот фудбалер истекуваше на крајот од сезоната.

Пред Интер, Мхтаријан (34) настапуваше за Рома, Арсенал, Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд, Шахтјор, Металург и Пјуник.

За Интер оваа сезона одигра 17 натпревари и постигна два гола.

Scroll to Top