Top Sport

Мицевски во Рига

Дарко Мицевски го комплетирал трансферот во Рига. Поранешниот капитен на Вардар се поврзуваше со трансфер во Борац од Бања Лука.

Мицевски, во есенскиот дел од првенството на Македонија, за Вардар постигна три гола и забележа три асистенции.

Играчот од редот за врска, минатата година на натпреварот против Грузија забележа деби до националниот тим.

Рига ќе биде деветтиот клуб во кариерата на Мицевски. Претходно 28-годишникот настапувал за Вардар, Ал Нејмех, Минск, Нови Пазар, ОФК Београд, Тетекс, Слобода од Ужице и Работнички.

Scroll to Top