Top Sport

Здрави тенисер(к)и заглавија во карантин во Мелбурн

Сите тенисери и тенисерки, како и нивните стручни тимови, кои со чартер-летот од Лос Анџелес, пристигнале во Мелбурн, ќе мора две недели да бидат во карантин. Организаторите на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен, соопштија дека, во авионот двајца биле позитивни (член на посадата и еден патник).

Во авионот имало 67 патници (24 од нив се играчи што треба да настапат на Австралија опен) и 12 членови на екипажот. Двајцата заразени, 72 часа пред летот имале негативни тестови.

Тенисерите и тенисерките, како и патниците од овој лет ќе бидат сместени во хотел, предвиден за карантин и нема да смеат да ги напуштат своите соби во наредните 14 дена. Исто така тие нема да можат да тренираат.

Уругваецот Пабло Куевас, кој бил во авионот, на социјалните мрежи напишал дека ќе им биде овозможен некаков тренинг во затворено, но дека тоа е далеку од она што е планирано, пет сати тренинг на отворено, во „меурот“ во Мелбурн.

Според планот Австралија опен треба да започне на 8.февруари.

Scroll to Top