Top Sport

Мичи Батшуаи го пропушта остатокот од сезоната

Борусија Дортмунд потврдија дека Мичи Батшуаи најверојатно го пропушта остатокот од Бундеслигата откако снимките покажаа дека неговата повреда на скочниот зглоб е посериозна.

Белгискиот напаѓач, кој е играч на Челси и игра на заем во Бундеслигата, се повреди при 2:0 поразот на БВБ од Шалке во неделата.

„Мичи Батшуаи доби повреда на скочниот зглоб. Сепак, учеството на Светското првенство за Белгија останува можност“, се вели во соопштението на Борусија.

Батшуаи го „извитка“ левиот скочен зглоб при стартот на Бенјамин Стамбули, пред да биде изнесен од теренот. 24-годишниот Батшуаи се „препороди“ во Борусија, постигнувајќи 10 гола во 14 настапи во сите натпреварувања.

Фото: ЕПА

Scroll to Top