Top Sport

Доналдсон за малку ќе го истепаше судијата во Монте Карло (видео)

Американскиот тенисер Џаред Доналдсон беше блиску до физичка пресметка со судијата Арну Габас во првото коло на Мастерсот во Монте Карло.

21-годишниот Доналдсон го загуби првиот сет со 6:3 од Шпанецот Алберт Рамос-Вињолас и губеше со 3:2 во вториот сет, кога Габас одлучи дека првиот сервис на Рамос-Вињолас е внатре и му го додели поенот како ас. Доналдсон не се согласуваше и го викна судијата долу, по што Габас оцени дека ознаката на земјата е од претходен поен.

Кога Доналдсон побара тогаш да ја најде ознаката од поенот, Габас изјави дека таа „сигурно е на линијата“, предизвикувајќи уште посилна реакција од Американецот, а публиката реши да го исвирка.

Инцидентот траеше повеќе од пет минути за на крајот Доналдсон да добие казна. Габас се пожали дека тој е агресивен, по што Доналдсон иронично му понуди да се ракува: „Ох, извини, да не те повредив. Жал ми е“.

Иронично, компјутерскиот систем „Соколово око“, кој не се користи на турнирите на земја, покажа дека Доналдсон е во право. Рамос-Вињолас победи со 6:3/6:3.

Scroll to Top