Top Sport

Мидлзборо по Јунајтед го „шутна“ и Тотенхем од ФА купот!

Англискиот второлигаш Мидлзборо продолжи со својот настап од соништата во најстарото клупско натпреварување, откако по продолженија успеа да го совлада Тотенхем со 1:0 и да се пласира во четврт-финалето на ФА купот.

Боро во претходното коло на драматичен начин по изведување пенали ги елиминираа и Манчестер јунајтед, пред вечерва пак да ги израдуваат фановите на „Риверсајд“.

Тотенхем на Антонио Конте се надеваше дека ФА купот останува како единствена шанса за освојување титула оваа сезона, но во текот на регуларите 90 минути, Боро беа поопасни, што го покажаа и во 107. минута од продолжението, кога тинејџерот Џош Кобурн успеа да ја помине одбраната на Тотехем и да го забие единствениот гол на мечот.

Scroll to Top