Top Sport

Мидо: Салах нема да може да ги одбие Реал или Барса

Поранешната ѕвезда на Тотенхем, Мидо вели дека Реал Мадрид и Барселона ова лето ќе се обидат да го добијат Мохамед Салах и вели дека неговиот египетски сонародник треба да ја прифати големата шанса.

Египќанецот покажа дека минатата блескава сезона не била исклучок, откако во последните два месеци игра во фантастична форма. Мидо вели дека ќе биде многу тешко да се задржи Салах на „Енфилд“.

„Реал и Барса чекаат да видат што ќе направи тој оваа сезона. Ако постигне 25 или повеќе голови, тогаш трансферот е извесен. Во фудбалот никогаш не се знае, но ако дојдат Барселона или Реал Мадрид ќе ти се сврти во главата. Без да го потценувам Ливерпул, но Барселона и Реал Мадрид се друго ниво. Според мене, Салах е најголемиот фудбалер во историјата на Египет“, вели Мидо за „ЕСПН“.

Scroll to Top