Top Sport

Михајловиќ директно го контактирал Златан

Директорот на Болоња, Рикардо Бигон му посака добредојде на Синиша Михајловиќ на клупата за дуелот со Милан и во исто време потврди дека тимот веќе контактирал со Златан Ибрахимовиќ и сега чекаат одговор од Швеѓанецот.

Болоња и Милан, заедно со Наполи се најзаинтересирани за шведскиот ветеран по крајот на неговиот договор со Лос Анџелес галакси на крајот на годината.

„Контактот беше директно меѓу Михајловиќ и Ибрахимовиќ. Швеѓанецот кажа дека ќе ја направи својата одлука во декември и ние сме подготвени да разговараме ако се реши на трансфер, но во моментов само го чекаме неговиот одговор. Искрено, ние го имавме четвртиот најдобар напад минатата сезона со истите напаѓачи како сега, но има фудбалери како Ибрахимовиќ кои никој не би ги одбил. Болоња инвестира во млади фудбалери, но тие нема да можат да го дадат максимумот веднаш и затоа потребно е и искуство“, вели Бигон.

Scroll to Top