Top Sport

Михајловиќ го изнесоа од Болоња, оди „на сигурно“, во Рим

Стратегот на калчолигашот Болоња, Србинот Синиша Михајловиќ кој се уште се опоравува од борбата со леукемијата поради коронавирусот мораше да го напушти градот. Тој одреден период ќе престојува во главниот италијански град, Рим, заедно со семејството.

Сите спортски настани на „Чизмата“ се суспендирани, поради енормното ширење на коронавирусот.

Во наредниот период, одложени се и мечевите од Серија А. Фудбалерите на Болоња се на привремена пауза, па Михајловиќ до враќањето на екипата на терен нема да е во градот.

Тренерот на овој потег се одлучил затоа што епидемија е во помал размер во Рим за разлика од северот на земјата.

Scroll to Top